Падна договор во Хрватска - штрајк нема да има
Единаесет синдикати на вработените во јавните и државните служби успеаа да постигнат усогласување со претставниците на владата за договор на плати, по што беше откажан генералниот штрајк кој што беше најавен за утрово.
- Штрајк нема да има, Владата и синдикатите постигнаа договор, рече министерот за образование, наука и спорт Жељко Јовановиќ и додаде дека „Владата нема да го купува социјалниот мир и нема да се задолжува за исплата на платите“.
- Владата сака да потпише договор кој е остварлив за двете страни, рече Јовановиќ.
Барањата на синдикатите беше да им се вратат 3% од бруто платите за колку се намалени во почетокот на годината и тоа кога во земјата ќе се оствари одреден економски раст.
Владата предложи платите на вработените во државните и јавни служби да се зголемат кога БДП ќе се врати на нивото од пред кризата, односно од 2009 година, бидејќи тоа би исплата на зголемувањата.