Познати ТВ лица и манекенки ги полнат скопските хотели - за една вечер 500 евра

Многу наши познати тв-лица и манекенки се редовни гости за една вечер во скопските хотели, тврди рецепционер во еден скопски хотел за „Либертас“. Според него често додека е на смена му се случува да види некое познато тв лице како бара соба во хотелот која предходно е веќе резервирана од странски државјанин или пак од лице од Македонија.

- Многу од девојките ги препознавам од телевизија или од весниците, но поради професијата се правам “наудрен“. Кога ќе им побарам лична карта,се збунуваат и најчесто велат дека ќе останат кратко. Обично носат темни очила за сонце или шешир, но сепак јас ги препознавам – вели изворот. Според него, дамите од повисоката класа или девојките од „А класа“, се задржуваат во хотелската соба околу еден час и половина и тоа најчесто во ноќните часови, но има и такви кои доаѓаат и преку ден. Според друг извор на „Либертас“ цената на услугите на девојките од “А категорија“ се движи од 300 до 500 евра од вечер.

29.08.2014 - 19:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега