ФОТО: Дедо Георгија ја откри тајната на долговечноста - еве како живее 100 години

Има 100 години, но вели дека е млад и дека сака да си проживее уште барем 20. Георгија Цветковиќ ја откри и неговата тајна за долговечност.

Георгија живее во село Сагонијево и вели дека една од тајните за неговиот долг живот е тоа што секој ден пие по една чашка ракија.

-Кога бев млад, беше тешка сиромаштија. Останав без родители на две години и повеќе бев гладен отколку сит и морам да се научам да јадам природна храна. Зеленчук од мојата бавча, овошје. Не јадам ништо од продавница, вели старецот.

Инаку, старецот кој има 100 години се уште е активен, работи по дома, на нива и се движи.

27.08.2014 - 14:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега