ВИДЕО: Робин Вилијамс исполни желба на болна девојка - ова е последната снимка пред смртта

 

Актерот Робин Вилијамс, кој си го одзеде животот минатата недела, два месеци пред смртта сними видео порака за негова обожавателка, 21-годишна девојка која боледува од тешка болест.

Вилијамс и ја исполни желбата на Вивијан Волер, на која и е дијагностициран рак во јануари оваа година.

Како напредувала болеста, така Вивијан направила список со желби кои сака да и се исполнат пред смртта, а една од нив била да го запознае актерот Робин Вилијамс.

Актерот со задоволство снимил видео порака за неа во која и вели дека сега може да ја пречкрта оваа желба од списокот.

 

19.08.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега