Деветгодишна Македонка вистински херој! - еве зошто е номинирана за „Гордост на Австралија – најхрабро дете“

Македонката Емили Мирчевска кој живее во Австралија е вистински херој иако има само 9 години. Емили донирала коскена срж за да го спаси животот на својата четиригодишна сестра Миа, која заболела од хистиоцитоза(ХЛХ), ретка автоимуна болест, поради што е номинирана за годинешниот  медал „Гордост на Австралија – најхрабро дете“.

Семејството на Емили живее во гратчето Тејлор Хил, а болеста на Миа толку брзонапреднала, што таа за неколку дена станала непрепознатлива. Нејзината кожа изгледала како на пациент со изгореници, а нејзините органи биле заразени од смртоносен вирус. Единствена надеж за малата Миа била трансплантација на коскена срж. Лекарите го тестирале нејзиното потесно семејство, а деветгодишната Емили била совршен кандидат за донор.

Мајката Лидија вели дека Емили и била најголемата потпора во тие тешки моменти:  - Дента кога излеговме од болница, Боби и Емили дојдоа да не соберат. За прв пат после шест недели Миа ја виде Емили. Иако здравствената состојба и беше кревка, Миа потрча кон сестра и и силно ја гушна. Тоа беше најубавото нешто што досега сум го видела, вели Лидија Мирчевска.

Малата Емили вели дека се чувствува многу добро, знаејќи дека таа помогнала да се спаси животот на нејзината сестра и да го задржи целото семејство. Таа вели дека е неверојатно блиска со својата сестра Миа.

- Моето семејство и пријателите постојано ме потсетуваат колку сум посебна поради тоа што го спасив животот на мојата сестра. Сепак, навистина е прекрасно да се биде номиниран за оваа награда, вели Емили.

Номинациите за медалот „Гордост на Австралија“ веќе се завршени, а финалистите од државата Викторија ќе бидат соопштени на 28 септември, во весникот „Сандеј Херолд Сан“.

Извор: Курир

19.08.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега