ВИДЕО: Мајкл Џексон го силувал кога имал седум години

 

31 - годишниот кореограф Вејд Робсон се запознал со Мајкл Џексон кога имал пет години и тврди дека починатиот пејач го злоупотребувал од седмата до четиринаесетата година.

Според Вејд, сексот се случувал во периодот од 1990 -1997 година на ранчот на Мајкл, но и на други места.

Тој поднел тужба во вредност од 1,62 милијарди долари, а адвокатите на имотот на Џексон сметаат дека тврдењата се сканалозни и патетични, пишува Дејли Меил.

Во тужбата која е поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес е наведено дека Робсон често позирал гол за време на сексуалните акти, како и тоа дека Мајкл му се заканил на Робсон да не кажува за тоа што го прават бидејќи тоа ќе биде крај на нивната кариерата и оти ќе одат во затвор.

 

08.08.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега