Шумахер останува амбасадор на Мерцедес

 

Еден од најголемите спонзори на Михаел Шумахер, компанијата Росбахер, која продава флаширана вода, ќе го раскине договорот со поранешниот шампион во Формула 1.

Шумахер сеуште е на рехабилитација во болницата во Швајцарија, а шефот на Даимлер, компанија под која спаѓа и Мецедес, Дитер Цетше изјави дека Мерцедес-бенз ќе ја продолжи соработката со амбасадорот на брендот.

-Задоволни сме со позитивниот развој на ситуацијата. Се надеваме дека така и ќе продолжи, изјави Цетше кој притоа додаде:

-Воопшто не размислуваме за промена на договорот, додаде Цетше кој сеуште не го посетил Шумахер во болница од почит кон приватноста на семејството.

07.08.2014 - 14:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега