Првиот твит на Јелена за Новак откако го смени презимето
Јелена, сопругата на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, и званично почна да го користи новото презиме.
После спектакуларната венчавка, која пред неполн месец се одржа на преубавиот Свети Стефан и медениот месец во Грција, брачниот пар Ѓоковиќ полека се привикнува на брачниот живот, но и се спремаат за раѓањето на своето прво дете.
Покрај тоа што носат бурми, сопружниците носат и исто презиме, па Јелена не чекаше долго на својот Твитер профил, на кој е многу активна, да го смени презимето од Ристиќ во Ѓоковиќ.
Еден од првите твитови беше упатен токму кон Новак.
"Многу сум горда на својот сопруг", напиша Јелена, со тоа објавувајќи и линк од текст од индијски портал каде го опишуваат Новак како најхуманиот тенисер на светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа