Шок: Никој не го очекуваше ова признание од Кола-Кола

 

Претставникот на „Кока-Кола“ за Северна Америка, Сенди Даглас, изјави дека пие пo една „Кока-Кола“ секој ден.

- Понекогаш попладне пијам „Кока-Кола Зеро“, но никогаш уште една „обична“ бидејќи содржи премногу калории. Тоа е мојот дневен режим, вели Сенди.

Оваа информација очекувано се прошири по медиумите во САД, поради тоа што ова е вторпат некој од шефовите на компанијата да се осврне на здравствените проблеми што ги предизвикува нивниот производ.

Минатата година претставникот на компанијата за Европа, Џејмс Куансеј, призна дека „Кока-Кола“ предизвикува гојазност, откако еден новинар го соочи со фактот дека во една лименка има „шест коцки шеќер“.

Компанијата веќе некое време се бори со падот на продажбата и со спречување на проблемите кои се штетни по здравјето. Решението е да се врати „Кока-Кола“ во помали пакувања, со што ќе предизвикува помалку вина кај купувачите.

 

04.08.2014 - 16:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега