Повредени татко и две дечиња - им се превртел камионот кај Росоман

 

Уште една сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Вчера во 18 часот се преврте камион на патот Градско-Прилеп во близина на Росоман, а повредени се татко и двајца синови.

45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на левата потколеница. По укажаната помош во болницата во Кавадарци тој бил пренесен на скопските клиники. Со полесни повреди поминале двете деца на Ѓ.М и по укажаната помош во болницата се пуштени на домашно лекување.

Со таткото во камионот “Застава” кој од непознати причини се превртел на патот било уште едно дете на Ѓ.М кое поминало без повреди. Повредените ги ваделе пожарникари.

02.08.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега