Кренал раце и рекол „нека биде што биде“ - мајката на бебенцето кое почина во длабока депресија

Марија Маринковиќ од Чуприја, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа кај Демир Капија во која загина нејзиното осуммесечно бебе и ја зави Македонија во црно, е во тешка депресија откако ја дознала трагичната вест. Лошите вести и биле соопштени по неколкучасовната операција на 'рбетот кој и бил скршен, пишува српскиот Ало.

Нејзиниот сопруг Драган, по отпуштањето од болница веднаш отишол да ја посети неа и петгодишниот син Матеј кој има скршеници на бутната и карличната коска. Како што велат од болницата за српскиот АЛо, таткото постојано бдее над нив, а го посетил и неговиот помлад брат Никола (24) кој се уште не се разбудил од кома по повредите на главата и градниот кош и за чиј живот се борат лекарите. Во посета на повреденото семејство дошле и таткото на Драган, Мирољуб и неговиот брат Александар (35). Мајката Дивна (65) останала дома чекајќи информации за своите најмили непрестанувајќи да плаче за осуммесечниот внук Андриј.

Мајката вели дека Никола студирал трета година на правен факултет во Крагуевац, а Марија и Драган веќе шест години работеле во Швајцарија. На пат кон Грција, кај Демир Капија, возач на форд фиеста претекнувал камион и преминал на нивната лента. Драган немал каде да оди затоа што од десната страна е Вардар. Според зборовите на мајката, Драган само кренал раце и рекол „нека биде што биде“. Фисетата налетала од десната страна на шкодата фабија каде седеле Никола и Марија (30) со децата.

- Се молам за моите деца да ми се вратат живи. Се обидувам да им се јавам, да им испратам сила да издржат и да се вратат кај мајка. Се молам Никола да ми се разбуди од кома и со Марија да биде се во ред. Кога го видела татко и само рекла „тато“ и паднала во несвест. Молам Бога да ми се спасат децата. Каде го пуштив Никола да оди… отиде да му помогне на брат му при возењето. Тој никогаш не бил во Грција, раскажува Дивна, пренесе Ало.рс.

 

 

30.07.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега