Му влегле дома и му приредиле хорор - скопјанец остана без 1.845.000 денари
Во Скопје на улицата „Кемал Сејфула“ три маскирани вооружени лица влегле во станот на скопјанецот М.Б. и му приредиле вистински хорор.
Според податоците од полиијата, разбојниците со закана со пиштол на скопјанецот му одзеле 15.000 евра и разновиден златен накит, со што се стекнале со 1.845.000 денари.
Полицијата работи на случајот.
29.07.2014 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа