Го претепале па почнале да пукаат - хорор за Кумановчанец
Го претепале па си заминале со парите. Ова го преживеал вработен во бензинската пумпа на ТДПУ„Трго Тим“ во Куманово каде синоќа две засега непознати лица маскирани и вооружени со пиштол, влегле и направиле хорор за 1000 денари.
Крадците физички го нападнале вработениот, му нанеле тешки телесни повреди, а потоа испукале во воздух еден куршум од гасен пиштол, ги одзеле парите и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
28.07.2014 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа