Исчезна Зоран Заев

Повеќе од две недели ниту трага ниту глас од опозицискиот лидер Зоран Заев. Откако на 10 јули за последен пат во се појави во јавноста давајќи изјава за смирување на тензиите за протестите за пресудата во случајот Монструм, Заев комплетно исчезна од јавноста. Од тогаш до денеска од него нема ниту една изјава, а дејствувањето на опозицијата се сведува единствено на партиски соопштенија и реакции на изјави и соопштенија на владејчката партија и нејзините функционери. Дали Заев е на одмор и на што се должи оваа медиумска апстиненција од Бихќка не откриваат.
По уште подолг молк, денеска во јавноста конечно се појави Радмила Шеќеринска. Заменичката на лидерот денеска беше во Ресен за на терен да види какви штети претрпеле земјоделците по страшното невреме и јаповка Владата да прогласи елементарна непогода во регионот. 
Додека лидерскиот двоец одмараше, во опозицијската партија се случија серија силни потреси, од кои најсилен се чини е фактот што СДСМ и коалицијата го загубија мнозинството во општина Центар. 

23.07.2014 - 23:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега