ФОТО: Дополнителни проблеми за Општина Охрид - синоќешната сообраќајка дополнително ќе ја испразни касата
Општината Охрид ќе биде олеснета за околу 1000 евра, откако вчера во сообраќајката во која камион се заплетка во ниско поставени кабли беа уништени неколку метални и дрвени столбови, со арматура од по девет метри, пренесува Охрид 1.
При излегување на терен на надлежните, констатирано е дека биле оштетени и неколку дрвени столба кои припаѓаат на „Телеком“ и еден кабелски оператор.
Од општината велат дека локалната самоуправа не е надлежно за проценката на висината на поставните кабли, ниту пак за утврдување на причините за незгодата.
17.07.2014 - 17:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа