Возеле пијани и без дозволи - еве што се случувало на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден во Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден велосипедист и четворица сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 11 возачи без возачка дозвола, 35 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативна поука. Едукативната поука ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба со почеток во 19 часот, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли кои направиле прекршоци по разни основи.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

17.07.2014 - 09:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега