Овации за Нацоски по концертот во Џенова
Македонскиот амбасадор на културата Благој Нацоски синоќа со овации беше поздравен од страна на на публиката во монденскиот локалитет Санта Маргерита Лигуре во Џенова, Италија.
-Прекрасно е утрово кога се разбудив и „најдов” еден куп пораки на фејсбук со честитки за вчерашниот концерт. Најискрено, немав воопшто претстава каков одглас ќе има кај публиката една ваква специфична и префинета програма, особено новонапишаното дело. Всушност, реакцијата беше и поголема од очекуваното. Тоа доживеа огромен успех и сум особено среќен поради тоа, како за нас изведувачите но уште повеќе за композиторот и Маџиров, изјави Нацоски, пренесе Курир.
Концертот кој се реализираше со поддршка од Министерството за култура, беше во рамките на италијанско-македонската вечер, а по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа