Неколку совети за проширени вени

 

Проширените вени воглавно имаат генетска позадина, но често пати се јавуват и кај луѓе со професија, која бара повеќе стоење во место, атлетичари итн. Проширените вени можат дополнитено да се влошат од разни причини: преголема тежина, бременост, повреда на стопалата, трчање на долги патеки, примање на хормонална терапија која содржи естроген итн.

Проширените или варикозни вени не се само козметички проблем, туку имаат и здравствени последици.

Ако имате проширени вени залистоците во нив можеби веќе не можат да функционираат, но тоа има и дополнителни ефекти. Залистоците имаат улога да помагаат во циркулацијата на крвта низ телото, тие служат како блокади кои не и дозволуваат на крвта да се враќа назад низ крвните садови, туку да се движи низ целото тело. Ако некој од залистоците престане да работи, тогаш крвта може да почне да се враќа назад и да се формираат "базени". Зголемениот притосок во вените понатаму може да предизвика да престанат да функционираат и други залистоци.

По некое веме притисокот од собраната крв предизвикува да се деформира вената и тогаш вените почнуваат да познаваат на површината на кожата како јазли и грутки, добивајки темно сина или пурпурна боја. Може да предизвикуваат и болка, а кожата на нозете и глуждовите може да почне да се задебелува.

Нормална и варикозна вена

Во екстремни случаи може да се случи воспаление на вените - тромбоза, што може да предизвика крвни згрутчувања во белите дробови.

Еве неколку совети како да го забавите попуштањето на вените и да спречите влошување на ситуацијата:
 

Избегнувајте да стоите подолги периоди или повремено истресете ги нозете за да спречите во нив да се акулумира крвта.

Протегнете ги и размрдајте ги стопалата. Со стегање на мускулите можете да помогнете крвта да се придвижи во вените. Ако седите подолг период обидете се да ги виткате стоплата горе долу (како да притискате на педала за гас). Исто така ротирајте ги стопалата во правец на стрелките на часовникот за да се придвижат глуждовите и да предизвикаат движење на крвта.

Немојте да седите со вкрстени нозе, така го зголемувате притисокот во вените.

Умереното вежбање, како пливање и шетање, може да ги зајакне ѕидовите на крвните садови и да спречи создавање на проширени вени или барем ќе го забави нивното појаување.

Избегнувајте тешки физички активности, кои би створиле притисок врз вените, како кревање на тежина.

Кога седите, ако е возможно држите ги нозете благо поткренати, тоа ќе ја подобри циркулацијата на крвта од нозете кон срцето. Ако нозете ви се многу отечени, обидете се да спиете со благо подигнати нозе, што ќе ја присили крвта да се повлече од нозете.

Туширање со млака или студена вода ќе помогне да се стеснат вените.

За да спречите дополнително влошување на проширените вени, препорачливо е да носите еластични чорапи или завои, кои ќе дадат поткрепа.

Внимавајте на вашата тежина. Прекумерната тежина создава непотребен притисок врз вените.

Земајте витамин Б и Ц, како и цинк за да ја подобрите еластичноста на крвните садови и да ги зајакнете нивните ѕидови.

 

Набавете си удобни чевли, а високите потпетици чувајте ги за посебни прилики.

Извор: Tвое бебе

16.07.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега