ВИДЕО: Забавата за збогум која го расплака целиот свет! - трогателно

Иако нејзиниот Лабрадор немал совршен живот, сепак неговата сопственичка Џордан Грис Робертс се потрудила неговиот последен ден да биде совршен.

Откако минатата година морала да му биде ампутирана едната шепа, соптвеничката на Дјук мислела дека се ќе се среди, но за жал не било така. Кученцето имало тумор кој не можел да се отстрани, па од ден на ден му станувало полошо. Џордан знаела дека ќе го загуби својот најверен пријател кој го посвоила во 2011 година, па се решила барем последните мигови да му ги направи совршени. Таа му приредила незаборавна забава за збогум. 

- Нема ништо полошо од тоа да гледаш како твојот пријател умира, а да не можеш да сториш нешто. Најтешко и е на мојата двегодишна ќеркичка, која беше најмногу поврзана со кучето, вели сопственичката.

15.07.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега