Поднесени над 73.000 барања за субвенции

73 963 земјоделци годинава имаат поднесено барања за субвенции, информираат за Лидер од Платежната агенција.

-Најмногу субвенции побаруваат за полјоделски култури или вкупно 34 621 земјоделец. Втори на листа се тутунарите или вкупно 30 298 земјоделци, вели Тони Димовски, директор на Платежна агенција.

Најголем дел, односно 115 милиони евра ќе бидат распределени како директни плаќања за поддршка на приходот на македонските земјоделски стопанства и тоа 60 проценти насочени кон конкурентните и извозно ориентирани земјоделски производи како што се: производството на тутун, зеленчук, овошје, овчарството и козарството, производството на грозје и вино, оризот, органско производство, пчеларство и за воведување на стандарди за квалитет.

Остатокот од директните плаќања ќе биде наменет за поддршка на производството на помалку конкрентните, но значајни основните прехранбени производи за населението како што се житните култури, кравјото млеко, и поголемиот број на индустриски производи, кои без државна поддршка значително би го намалиле обемот на нивното производство.

Повеќе на ЛИДЕР.

14.07.2014 - 14:28
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега