Бојата на урината ја открива состојбата на вашето тело

Бојата на урината може да биде добар показател за состојбата во вашето тело, особено кога станува збор за дехидрација на организмот или пак за инфекција. Од таблицата со нијанси најдолу под текстот можете да ја прочитате состојбата на вашиот организам.

 

Боја на урината во распон на нијансите од 1 до 3

Проѕирна или светло-жолта урина индицира дека е телото здраво. Проѕирната нијанса е подобра затоа што покажува дека сте пиеле многу вода и дека вашиот организам е хидратизиран. Водата ги регулира сите органи и нивната температура и ги премесува низ телото хранливите материи.

Боја на урината во распон од 4 до 8
Ако видите потемна и многу темно-жолта нијанса наутро, при првото мокрење, не се грижете затоа што таква боја се собира преку ноќта. Но ако бојата на урината ви е редовно таква, почнете да пиете повеќе вода затоа што тоа зборува дека телото ви е дехидрирано.

Бела урина
Белата или заматена урина значи голема концентрација на бели крвни клетки кои се борат со инфекција и веројатно е дека имате уринарна инфекција.

 

Ако имате потреба за зачестено мокрење, болно мокрење, печење во текот на мокрењето, задолжително одете на лекар. Но водата е ваш сојузник и во оваа ситуација. Пијте многу течности.

Извор: Убавина и Здравје

13.07.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега