Интересно: Што ќе се случува денеска во скопската Зоолошка?

„Природните кристали и минерали, како еден од најскриените делови од природата, но истовремено можеби и најфасцинантниот во поврзаноста со животинскиот свет“. Ова е темата на предавањето кое денеска ќе се одржи во едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје.

Светот на минералите и кристалите изобилува со вариетите на бои, форми и нивни комбинации.

Ќе се одржат две предавања и тоа од 11:00 до 12:00 часот и од 17:00 до 18:00 часот. Присутните ќе имаат можност да видат и да допрат природен (вистински) дијамант, но и да добијат одговор како природата можела да создаде такви совршени геометриски форми, видливи и кај  кристалите на кубичен пирит, горски кристал и галенит од Пробиштип. Ако животот на човекот е околу 100 години, генезата и „животот“ на природните кристали се мери со стотици милиони години.

Метаморфните карпи, во кои е создаден минералот на Македонскиот Рубин се од прекамбриоумскиот период кој е најстариот во животот на нашата планета и завршил пред околу 600 милиони години. 

13.07.2014 - 10:26
Фото: 
скопјеинфо.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега