Почнува Галичка свадба - оваа година има две невести
Почнува 41-то издание на културолошко-туристичката манифестација „Галичка свадба“.
Годинава, судбоносното ДА ќе го кажат невестите Ана Гаревска и Маргарита Ивановска со своите избраници Иван Сариевски и Стефан Куковски. Тие на посетителите ќе им престават триесетина свадбарски обичаи, ритуали, песни и ора, каректирстични за мијаците.
„Галичка свадба“ ја продолжува традицијата на Петровденските галички свадби кога печалабарите традиционално се враќале на родните огништа.
Вечерба во 19:30 часот, сватовите, облечени во галичка носија, и роднинини на младоженците, ќе го закитат бајракот и ќе почне свадбата.
Утре, пак, свадбените обичаи ќе стартуваат со канење на мртвите, на кумот, бричење на зетот, на строј, земање на невестата, венчавање во црквата „Св. Петар и Павле".
На патот кон Галичник утре ќе има посебен сообраќаен режим. За посетителите ќе биде организиран и презоз со комбиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа