Учесничката во „Сè или нешто“ ја изгуби битката со болеста
Ивана од Куманово, која храбро се бореше со својата тешка болест, за жал ја изгуби битката.
Драга Ивана, го победи банкарот но не и болеста... ни беше чест што беше наша учесничка. Почивај во мир драго девојче, објави водителката Лила Филиповска.
Натпреварувачката која неодамна си ја испроба среќата во потрагата по милионот во шоуто на Лила го осветли студиото со својот оптимизам и ведрина и покрај целата мака која животот ѝ ја приредил.
За жал, Ивана ја изгуби битката со тешката болест.
11.07.2014 - 20:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа