Секоја чест: Седумгодишно дете собра 53.000 долари за своето другарче

Квин Каландер, седумодишно дете од Канада со продавање на лимонада на импровизиран штанд успеа да собере повеќе од 53.000 долари за да на неговиот другар Брејдан Грозданич му овозможи скапа операција. Квин и Брејден од Ванкувер се најдобри другари уште од градинка. Но, Брејден боледува од церебрална парализа поради што тешко се движи и неопходна му е операција.

Хируршкиот зафат кој ќе му овозможи да оди без помагала, чини 20.000 долари и може да се изведе само во САД, а семејството на детето не е во можност тоа да си го дозволи.

Кога Квин слушнал за опрацијата веднаш смислил начин како да му помогне на неговиот пријател.

- Им реков на татко ми и мајка ми дека сакам да направам штанд каде ќе продавам лимонада за да соберам пари, раскажа момчето во репортажа за канадската телевизија.

Неговата мајка се солидализирала со него и покрена акција за собирање прилог по пат на Интернет.

За помалку од една недела, благодарејќи на нивната компанија собрани се повеќе од 50.000 долари што ги покрива не само трошоците за операција, туку и претстојот на целото семејство во САД. 

11.07.2014 - 10:25
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега