Иванов го посети Центарот за обука на вода во Охрид
Maкедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го посети Центарот за обука на вода во Охрид, каде се спроведуваат подготовки за воено-показната вежба што на 16-ти овој месец ќе се изведува на Охридското Езеро.
- Тука ги видовме сите услови што ги нуди кампот за обуките потребни за припадниците на АРМ, што ги исполнуваат сите НАТО стандарди за обука, особено на специјалните сили и нивна подготовка за изведување соодветни активности, рече Иванов.
Вежбата треба да се одржи на Охридското Езеро, кај Радожда. Во вежбата, покрај редовните единици ќе биде вклучен и Полкот за специјални операции.
- На вежбата ќе се демонстрира подготвеноста на Армијата за дејствување и реакција во специфични услови и активности на вода. Тоа е еден вид подготовка и тренинг за реакција на Полкот со соочување со какви било предизвици, истакна Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа