Џозеф: Инцидентите во Македонија потсетник за НАТО итно да ја одмрзне поканата за членство

 

 

Последните инциденти во Македонија со протестите поради доживотните судски пресуди во случајот „Монструм“ се мошне сериозни поради опасноста од подлабока етничка поделба.

Oва го вели поранешниот директор на програмата за Македонија во Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф во разговор за српската редакција на Гласот на Америка.

- Се чини дека оние кои се осудени и веројатно се одговорни за убиствата примаат јавна поддршка. Тоа е многу вознемирувачки, истакнува Џозеф.

Сериозноста на ситуацијата Џозеф ја става во поширок контекст, на ургентната потреба Македонија да влезе во НАТО.

- Ова е потсетник на грешката да се држи замрзната македонската апликација за членство во НАТО поради грчкото противење. Ова е потсетник за итната потреба Алијансата еднаш-засекогаш да го реши проблемот со Грција и да ја внесе Македонија во НАТО, коментира Џозеф.

Таквиот чекор, вели тој, би бил најдобриот начин за подобрување на односите меѓу етничките Албанци и Македоци во земјата.

10.07.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа