Диета со лубеница - 7 килограми за само 5 дена

 

Со диета од лубеница симнувате 7 килограми за 5 дена – звучи многу добро, но треба да знаете дека тоа е моно и не е толку лесно да се спроведе. Лубеницата има силен диуретичен ефект и тоа треба да се знае – од првиот ден ќе имате губење на тежината, поради прекумерна загуба на вода и сол.

Основниот услов на менито за оваа диета е да јадете само лубеница. Се смета дека 1 кг лубеница одговара на 10 килограми телесна тежина (ако вашата тежина е 80 килограми, може да јадете на ден до 8 кг лубеница.). Сите други производи се забранети.

Сите ограничувања во однос на времето за јадење отпаѓаат – Јадете лубеница во секое време. Се пијат до 5 чаши обична вода, а може и зелен чај.

Втора варијанта е со малку ржен леб. Кон секој оброк може да се консумираат до две парчиња ‘ржен леб. Во овој случај диетата со лубеница трае 8-10 дена. Како и во првиот случај, другите производи се забранети.

Исхраната вклучува храна со ниска содржина на масти: овошје и зеленчук во каква било форма, житни култури, житарици, риба, пилешко, сирење, урда, јајца и др. за појадок и ручек.

Вечерата не треба да биде подоцна од 4 часа пред спиење (обично осумнаесет часа) што се состојат само од лубеница. Главната предност е дека не се чувствувате гладна.

Вториот плус е високата ефикасност за релативно краток временски период. Третата предност на оваа диета е – нормализирање на метаболизмот, прочистување на организмот од токсините итн.

Извор. Лејди

05.07.2014 - 13:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега