Собранието ќе ја продолжи седмата седница

 

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи седмата седница на чиј дневен ред се извештаи на повеќе државни институции за работата во 2013 година.

Пратениците ќе ги разгледуваат извештаите за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Агенцијата за администрација за 2013 година, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер , на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2013 година, како и на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2013 година.

Парламентот треба да расправа и по извештаите за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на Агенцијата за електронски комуникации, на ЈРП Македонска радио телевизија, на Агенцијата за пошти за 2013 година и на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2013 година. 

Пред пратениците денеска е и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија, за кој расправата заврши на вчерашното продолжение на седницата.

03.07.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега