Струјата поскапа за 3,5% - ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО барале повеќе
Од утре сметките на електрична енергија повисоки за 3,47 проценти. Новата цена според регулаторната комисија за енергетика ќе важи до 1 јули следната година. За домаќинствата со еднотарифно броило, киловат ќе изнесува 4,48 денари додека оние со двотарифни ќе плаќаат по 2,8 за евтина и 5,59 денари за скапа струја. За прв пат ангажираната моќност од 33 отсто е пресметана како составен дел од потрошената електрична енергија.
Петров смета дека либерализацијата за граѓаните ќе стартува од 1 јануари 2015 година. Новата повисока цена во преостанатите 6 месеци ќе важи само за домаќинства што нема да изберат нов снабдувач со електрична енергија и ќе бидат третирани како потрошувачи во краен случај.
Трите енергетски компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ, поради инвестиции доставиле барања за повисоко зголемување но според регулаторот и со новата корекција ќе имаат загарантират профит од 8 проценти од вкупно наплатената струја.
Од ЕВН велат дека дибиеното зголемување од 1,29 проценти не е доволно и ќе бидат принудени да ги намалат планираните инвестиции бидејќи финансиската состојба нема да им дозволи истите да ги реализираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа