Во центарот на Кочани од утре ќе се наплаќа паркинг

 

Одлуката на Советот на општина Кочани да се наплаќа за паркинг во градското подрачје, од утре почнува да се применува.

Цената на паркирањето ќе изнесува 10 денари на час, а ќе се користат паркинг просторите пред Собранието, од девете страни на улицата „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ до Поштата, кај Трговскиот центар, зад „Стопанска банка“ и по улицата „Димитар Влахов“.

- Со паркиралиштата за првите три месеци, додека трае пробниот период, ќе стопанисува Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. Овие паркинг простори се определени за ставање ред во паркирањето на најфреквентните места во градот и онаму каде што паркирањето пречи во одвивањето на нормалниот сообраќај. Од акцијата очекуваме и економски бенефит, истакна на денешната средба со новинарите градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, пренесе МИА.

30.06.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега