УХМР предупредува: Попладне невреме со силен дожд и грмежи

 

Нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер најавуваат метеоролозите за денеска попладне.

Локално се очекува невремето да биде поинтензивно во форма на невреме со појава на град и електрични празнења, особено доцна попладне и во вечерните часови.

Температурата ќе се движи во текот на денот од 28 до 33 степени.

Од УХРМ посочуваат дека следува период на сончево и топло време. Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а претпладне на места се уште ќе има зголемена облачност

30.06.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега