„Монструмите“ денеска ќе ја дознаат својата судбина

 

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде изречена пресуда за случајот „Монструм“. Пресудата за грозоморното убиство кај Смилковци требаше да биде донесена минатата недела, но поради болест на главниот судија Ивица Стефановски, изрекувањето беше одложено.

Во „Монструм“ се обвинети седум лица. Тие се теретат за тероризам и се соочени со казни затвор од 10 години до доживотно. Двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ во моментов одлежуваат затворска казна во Косово поради недозволено поседување оружје.

30.06.2014 - 09:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега