Двајца тешко повредени, по еден се трага - страшна сообраќајка се случи кај Врапчиште
Две лица се потешко повредени, а по едно се трага, по сообраќајната несреќа која попладнево се случила во близина на стадионот во Врапчиште Гостиварско.
Е.Ј. (34) од Врањовце, гостиварско со тешки повреди и во животно загрозувачка состојба е пренесен на скопските клиники.
Според првичните информации на СВР Тетово, попладнево околу 16 часот на регионалнито пат Гостивар-Врапчиште во близина на стадионот, возило БМВ со гостиварски регистерски ознаки, излетало од коловозот и најнапред удрило во ограден ѕид, а потоа и во метална порта. Од ударот со потешки повреди се здобиле Е.Ј, за кој се претпоставува дека управувал со возилото и С.А. (27) од Дебреше.
Двајцата се пренесени во гостиварската болница од каде, по укажаната медицинска помош, транспортирани се за Скопје.
Во возилото било уште едно лице, кое побегнало од местото на настанот, а полицијата трага по него.
Во тек е увид, кој го вршат јавен обвинител и екипа на крим техника.
Како можна причина за сообраќајката се наведува пребрзо возење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа