Николоски до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати тебе и на твоите пајташи

Ќе победиме во Струмица и во цела 4 ката.Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица и затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србијада му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица.

Ова денеска во Струмица го порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4.

Тој го повика Заев да не ги троши украдените пари бидејќи како што рече тој ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.

-Да го повикам од овде да не ги троши парите, ќе му требаат адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и на пајташиве негови. Пи ар агенции во четврта изборна единица не поминуваат, на струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле, пи-ар агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба. Тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очите, таму пи-ар стратези не поминуваат за џабе. Зоран Заев не ги троши за џабе украдените пари, вели Николоски

-Ве повикувам на масовна на огромна излезност на 15 јули сите заедно да ставиме крај на овие три години ненародна власт. Знаете дека изборите беа закажани за 12 април основна причина зашто ги одложивме беше пандемијата со корона вирусот. Кога се разговараше за нов датум за избори првата работа која што ја побара ВМРО-ДПМНЕ и ја доби беше добри здравствени протоколи кои што ќе гарантираат на секого кој што ќе излезе на гласање дека здравјето ќе му е заштитено и дека не треба да стравува за сопственото здравје. Тие здравствени протоколи ги имаме и ве молам да ги испочитувате и масовно да излезете на гласање за да на 15 јули ја направиме промената, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега