Невреме со силен ветер и град го зафати Белград
Силно невреме пристигна и во Србија. Први на удар беа делови од Западна Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека денеска во Србија ќе има значителна промена на времето, а во вториот дел од денот ќе има и невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и ветер. Црвен метеоаларм е вклучен во пет региони – Банат, Белград, Шумадија, Поморавље и Источна Србија.
Во раните попладневни часови имаше силно невреме во Белград. За кратко време поради големото количество дожд, многу улици беа поплавени, сообраќајот е забавен, а во поединечни делови во прекин е градскиот сообраќај кој се одвива со трамваи и тролејбуси.
Во голем дел од градот падна и град со големина на орев, предизвикувајќи штети на зградите. Силниот ветер корнеше дрвја, носеше контејнери и покриви од неколку куќи, а во одделни делови на Белград извесен период имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа