Необичен пречек: Рама клекна пред Мелони
Албанскиот премиер Еди Рама со необично топол пречек и гестови на учтивост ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони. Во знак на почит, Рама ѝ го отстрани чадорот и клекна на колена, што предизвика шега од Мелони. „Еди, престани… Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, изјави таа, со насмевка.
На прашање од новинарите дали планира да го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, Мелони одговори дека поради ограничениот распоред нема да може да го стори тоа денес, но додаде дека работата во центарот продолжува. „Немам време да навлегувам во детали, но работата продолжува, а ова ја докажува брзината на работењето. Покажувајќи, како што ветивме, дека сме на вистинскиот пат“, кусо изјави таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа