НБА: Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ

Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ за првпат заиграа заедно во дресот на Далас маверикс, заедно постигнаа 55 поени, но нивниот тим загуби од Сакраменто по продолжение од пет минути

Никола Јокиќ со 30 поени, 16 скока и 10 асистенции, го оствари својот 20-ти трипл-дабл сезонава и го предводеше Денвер до победа над Шарлот.

Лос Анџелес лејкерс извојува изненадувачка победа против Голден Стејт вориорс од 109-103, и тоа во меч на кој не играше суперѕвездата Леброн Џејмс.

РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Филаделфија 98:101

Шарлот – Денвер 105:119

Орландо – Мајами 103:107

Вашингтон – Индијана 127:113

Атланта – Сан Антонио 125:106

Њујорк – Јута  126:120

Кливленд – Чикаго  97:89

Голден Стејт – ЛА Лејкерс 103:109

Сакраменто – Далас 133:128

12.02.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега