Над 80 луѓе и пет дрона трагаат по возачот чиј автомобил падна во Вардар

РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино

 

Од 09.00 часот на терен се 50 војници, девет припадници на „Волците“ со нуркачки тим, осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население“, соопштија од РЦУК.

Исто така, се користат и пет дрона за воздушно набљудување.

01.10.2022 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега