На српски туристи им се запалил автомобилот: „За 2 минути изгоре цел“

Српски туристи во објава на фејсбук групата Никана.гр сведочат за непријатна ситуација кога нивниот автомобил на враќање од Грција се запалил кај Гевгелија.

Тие велат декај и покрај тоа што гаселе со два противпожарни апарти нивниот автомобил изгорел за 2 минути.

„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди. И луѓе застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок.” велат од семејството.

06.08.2024 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега