МВР отвори предмет откако деца од Битола без согласност од родители се носени на средба кај Радев

 

Оливер Спасовски министерот за внатрешни работи соопшти дека полицијата отвора предмет за „Битолски Монмартр“ за носењето деца кај бугарски политичари.

По пишувањето во медиумите дека Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“, организатор на колонијата „Мал битолски Монмартр“, врши политичка злоупотреба на деца носејќи ги во Бугарија на средба со бугарски политичари, полицијата по допрен глас доставила известување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) за случајот.

„Ниту еден родител, нити Меѓаши или друга огранизација нема доставено кривична пријава. По доставувањето на известувањето веќе имаме предмет. Апелирам и за овој и за друг случај да се достават кривични пријави, да се земат изјави на записник во однос на овие случаји за да можат и институциите да постапуваат. Не треба да ги отвораме предметите само по допрен глас. Доколку има некаква злоупотреба тоа да се пријавува, за да можеме да постапуваме“, рече Спасовски.

21.07.2023 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега