МВР: Казнети 139 возачи во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

 

 

22.05.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега