МВР: Казнети 124 возачи на територијата на Скопје

 

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 124 мерки за прекршоци во сообраќајот. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се санкционирани шест возачи за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, како и шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и шест мерки за минување на црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас...

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

07.06.2024 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега