Муцунски на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, министрите дискутираа за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички беше оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и беше искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба.

Нагласи дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите.

25.09.2024 - 23:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега