Мора да се штеди: Украсување во Тетово нема да има, но ќе има јавно осветлување цела новогодишна ноќ

 

Градот Тетово и годинава ќе остане без новогодишно украсување на градот.

Градоначалникот Билал Касами вели дека нема да се украсува градот, но ќе имало осветлување во текот на целата новогодишна ноќ. Касами додаде дека мора да се штеди. 

 

„За жал, градот нема да се украсува, но сигурно нема да останеме во темнина. Имаме одлука за штедење струја и да се гаси јавното осветлување, но во текот на празниците, за да не бидеме во темнина, одлучивме да имаме јавно осветлување во текот на цела новогодишна ноќ. Градот нема да се украсува, но има предлог да се среди плоштадот. Кога ќе го добиеме конечниот предлог ќе го презентираме“, рече градоначалникот Касами.

19.12.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега