Младо момче си ја злоупотребилo положбата во Македонски пошти: Си присвоил 3.095.358 денари од акционерското друштво

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.М. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, извести МВР.

Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари“, соопшти МВР.

27.11.2023 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега