Митрески: ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните и Собранието, ги блокира измените на Деловникот и работата на комисиите

 

Опозицијата во Собранието продолжува со неодговорно, несериозно однесување, на штета на граѓаните и институциите, рече Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

Тој наведе дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните.

„Во четвртокот на 26ти минатиот месец кога помина времето за изолација на пратениците позитивни на корона вирусот одржавме седница без присуство на опозицијата. Седница која ја бојкотираше опозицијата со жална надеж дека нема да обезбедиме кворум. На таа седница изгласавме потреба од носење на важни закони. Важни за граѓаните затоа што се поврзани со економските мерки за справување со последиците од ковид. Еден од нив е за ваучерите од 6000 денари за пензионери, корисници на право на социјална сигурност,самохрани родители, деца  без родители, уметници, филмски работници итн. Друг закон е законот за финансиска поддршка за намалување на ковид последиците врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, со други зборови диреткна помош на лозарите.

Кога не им успеа бојкотот на седницата сега ги блокираат комисиите. Уште не се закажани комисии предводени од пратеници на опозицијата за овие закони да продолжат во натамошна фаза.  Можеби нив 6.000 денари не им значат ништо, но во овие тешки времиња на граѓаните им значат многу.

Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ. Секогаш става сопки и дејствува на штета на државата и институциите.

Затоа е  обидот да се спречи донесување на измените на Деловникот со голем број нелогични амандмани. Тоа ја покажува желбата на ВМРО-ДПМНЕ за намерно блокирање на работата на Собранието во време на пандемија од коронавирус.

Во време на сериозни предизвици со коронавирусот, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет.

На граѓаните, на државата, потребно им е Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со и или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните.“ рече Митревски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега