Мисајловски од Куманово: Проекти за обнова од сите области

 Носителот на листата од ИЕ 2 од ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска пред жителите на кумановската населба „Иго Тричковиќ“ вети проекти за обнова на Куманово како најголема општина во државата.

Тој нагласи дека граѓаните во Куманово заслужуваат проекти и оти дека владее позитивна енергија која ќе значи убав резултат за обнова на Македонија.

-Во Куманово фалат многу проекти долго време локалната власт е во рацете на СДСМ. Слушам сега, во последно време, со нивна демагогија дека повторно нешто ќе направат и повторно со нивните виртуелни проекти, рече меѓу другото Мисајловски.

Кандидатите за пратеници од изборната листа предводена од ВМРО –  ДПМНЕ, потенцира Мисајловски, се чесни луѓе кои ќе сторат се за да помогнат за развој на градот.

Тој подвлече дека доаѓа обновата која носи достоинство, развој на туризмот, науката, културата, инфраструктурата, здравството … и ги повика граѓаните масовно да им ја дадат поддршката на 15 јули.

Пред присутните во приградската населба говореа и кандидатите за пратеници од Изборната единица 2 кои ја побараа поддршката од граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега