Милошоски со кривична пријава против Азири кој напиша „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

Ваквиот чекор доаѓа откако Азири на социјалните мрежи напиша па избриша: „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, и додаде емотикон со тупаница“.

Милошоски смета дека Азири со ваквата објава шири расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички или ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, пол, припадност“, стои во дел од објаснувањето на кривичното дело.

Азири сподели видео од инцидентот во Собранието во кој координаторот на ДУИ, Арбр Адеми фрла предмети кон Антонијо Милошоски и други пратеници од опозицијата и му даде поддршка на Адеми.

28.06.2022 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега