Милиони Американци се плашат дека ќе останат на улица - истекува забраната за исфрлање на станарите поради пандемијата

Милиони Американци се повторно во опасност да останат без кров над главата доколку не се во можност да платат кирија, бидејќи мораториумот со кој на земјопоседниците им се забранува да ги исфрлат на улица за време на пандемијата истекува денес, а Конгресот не го продолжи.

Врховниот суд на САД претходно донесе одлука дека овој мораториум може да остане на сила до 31 јули, но администрацијата на претседателот Џо Бајден на таа одлука не се пожали. Се проценува дека загрозени се повеќе од 3,6 милиони лица кои веќе од понеделник би можеле да се најдат на улица.

Откако било јасно дека Конгресот нема да го продолжи мораториумот, претседателот апелирал на властите на сојузните држави да преземат неопходно чекори и да спречат луѓето да бидат исфрлени на улица.

 

"Државите и локалните власти треба од своите фондови да им исплатат на земјопоседниците и оние кои изнајмуваат станови", се наведува во апелот на Бајден.

 

Конгресот претходно одобри 47 милијарди долари помош за сојузните држави со цел да обезбеди пари за оние кои ги издаваат своите станови во време на пандемија.

31.07.2021 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега